Top Sport

Аталанта европската форма ја пресели и во Италија (видео)

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, пред стартот на новата сезона во Серија А изрази загриженост дека настапите во квалификациите за Лига Европа можат негативно да влијаат на неговиот тим, но ако се смета по 4:0 победата над Фросиноне, не требаше да има такви стравувања.

Аталанта во Европа ги декласираше Сараево и Хапоел Хаифа за во директен дуел со Копенхаген во баражот да реши дали ќе има и европска есен за тимот од Бергамо.

Против Фросиноне, во последниот меч од првото коло на Серија А, Аталанта доминираше од почетокот до крајот и благодарение на двата гола и двете асистенции на капитенот Алехандро Папу Гомез стигна до совршено отварање на сезоната.



Scroll to Top