Top Sport

Аталанта го „шутна“ Наполи од купот (видео)

Наполи пропушти низа шанси во првото полувреме, за Аталанта да го казни со 1:2 на „Сан Паоло“ и да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ќе го чека подобриот од дуелот Јувентус-Торино во двомеч во јануари и февруари.

Минатата сезона, тимот од Бергамо беше единствениот кој ги победи Наполи дома и на гости во Серија А, така што традицијата на незгоден противник продолжува

Тимоти Кастање одлично реагираше на нафрлена топка за да го совлада голманот на Наполи. Маурицио Сари реагираше со внесување на Дрис Мертенс и Лоренцо Инсиње во Игра. Капитенот на Аталанта, Папу Гомез во 81. минута искористи грешка на Наполи за да зголеми на 0:2, а до крајот Мертенс само успеа да го намали незгодниот пораз.

Scroll to Top