Top Sport

Сити се врати на победите, Тотенхем лесно во дождливиот Велс (видео)

Незгодниот натпревар и тешкото 0:0 реми против Кристал Палас пред Нова Година е веќе во минатото – Манчестер сити повторно победи за да ја зголеми предноста во Премиер лигата на 15 поени. Овојпат „жртви“ на Сити беше тимот на Ватфорд, а резултатот гласеше 3:1.

Рахим Стерлинг постигна гол во првата минута од мечот, а веќе во 13-тата беше 2:0, откако Кабаселе си постигна автогол. Серхио Агуеро во 63. минута зголеми на недостижни 3:0, пред Андре Греј во 82. минута да го постигне утешителниот гол за гостите.

Тотенхем на гостувањето кај Свонси стигна до 0:2 победа во Велс. Фернандо Љоренте постигна гол против својот поранешен тим од очигледна офсајд позиција за 0:1 водство по 12 минути игра, пред Деле Али во 89. минута да ја потврди третата победа во низа за „Спарси“.

Кристал Палас продолжија со солидните игри во последно време, откако се вратија од 1:0 негатива на полувреме да ги победат Саутемптон на гости со 2:1

Вест Хем пак го „осуди“ Вест Бром на претпоследното место на табелата со 2:1 победа благодарение на двата гола на Енди Керол.


ПРЕМИЕР ЛИГА, 22.КОЛО

Саутемптон – Кристал Палас 1:2

Свонси – Тотенхем 0:2

Вест Хем – Вест Бром 2:1

Манчестер сити – Ватфорд 3:1

Scroll to Top