Top Sport

Аталанта го згази Торино, спектакуларен гол на Иличиќ (Видео)

Фудбалерите на Торино доживеаја катастрофален пораз од Аталанта во Серија А. Аталанта ги порази домаќините со 7:0, а натпреварот го обележа Словенецот Јосип Иличиќ три гола од кое еден навистина беше спектакуларен.

Аталанта им одржа час по фудбал на домаќините. Екипата од Бергамо постигна три гола во првото и четири гола во второто полувреме.

Серијата на голови ја отвори Иличиќ во 17 минута, десет минути подцна резултатот го зголеми Госенс, а во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел Запата реализираше пенал.

Иличиќ во 53 минута постигна спектакуларен гол. Словенецот од центарот на игралиштето го совлада Сиригу. Минута подоцна Иличиќ го комплетираше хет-трикот.

Торино во 76 минута остана со играч помалку, вториот жолт картон го доби Ицо.

Нов пенал Аталанта доби во 86 минута, а сигурен реализатор беше Мјуриел. Истиот играч две минути подоцна го постави конечниот резултат.

До крајот на мечот Торино остана со уште еден играч помалку, откако директен црвен картон доби Лукиќ.

Scroll to Top