Првото квалификациско коло во јужно-американската зона за пласман на Светското првенство со победа го затвори селекцијата на Колумбија. „Кафетерсот“ предводени од играчите на Аталанта ја победија Венецуела со 3:0.
Иако резултатот тоа не го покажува Венецуела беше рамноправен противник на теренот, играчите на оваа репрезентација упатија повеќе удари кон голот на противникот но ниту еден не ја погоди целта.
Колумбијците во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот.
Кристијан Запата во 16 минута го постигна првиот гол на мечот. Десет минути подоцна Луис Мјуриел зголеми на 2:0, а истиот играч во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме го постави конечниот резултат.