Аталанта победи првпат по седум меча, декласирајќи ја Сампдорија со 4:0 за да ја прекине лошата низа и да се врати во борба за топ 4 пласман во италијанската Серија А.
Марио Пашалиќ ги донесе домаќините во водство уште во шестата минута од мечот, за веќе во 29. минута Холанѓанецот Теун Копмајнерс да зголеми на 2:0. Копмајнерс во 61. минута постигна уште еден гол за потврда на големата победа, пред Алексеј Миранчук да го постигне и четвртиот гол за „Ла деа“.
Аталанта останува на петтото место на табелата со 47 поени, три поени зад Јувентус, но со натпревар помалку, додека Самп се на 15. место со 26 поени, 4 над зоната за испаѓање.
Standings provided by SofaScore LiveScore