Top Sport

Аталанта ќе го „пушти“ Иличиќ на позајмица во Милан

Аталанта се подготвени да се договорат со Милан за договор за позајмица со опција за купување за словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ.

Словенецот самиот побарал да замине од Бергамо, како што потврди тренерот Џанпјеро Гасперини, и би бил заинтересиран за трансфер на „Сан Сиро“, посебно бидејќи „росонерите“ играат во Лигата на шампионите, но проблем е цената – Аталанта бара 7 милиони евра, Милан сака двојно помала сума.

Според „Ла газета дело спорт“, ќе се направи решение така што Иличиќ ќе замине на позајмица, но без гаранција за постојан трансфер во 2022. Иличиќ би бил поевтино решение за Милан од посакуваните Хаким Зијеш од Челси или Иско од Реал Мадрид.

Scroll to Top