Top Sport

Швеѓанките утнаа три пенали во низа, Канада стана олимписки шампион

Во неверојатна пенал-драма, Канада стигна до олимпиското злато во женскиот фудбал, откако со 3:2 на пенали по 1:1 по 120 минути ја победи Шведска. Бронзениот медал веќе го освоија првите фаворитки САД, откако вчера ја победија Австралија со 4:3.

Ова е прв златен медал за Канада во женскиот фудбал, откако последните две Олимпијади беа бронзени, додека Шведска вторпат едноподруго „паѓа“ во финалето, откако во Рио пред пет години загубија со 2:1 од Германија.

Во пенал-серијата, Шведска беше поблиску до златото, откако во првите три обиди Канаѓанките двапати утнаа, но потоа следуваше неверојатна низа од три промашени пенали на Шведска, за да ја предадат титулата на Канада.

Scroll to Top