Top Sport

Аталанта ќе му даде шанса на ветеранот Шкртел

Аталанта за своето деби во Лигата на шампионите ќе се засилат со поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Мартин Шкртел, објавува италијанската новинска агенција „АНСА“ откако клубот имал успешни преговори со неговиот агент Карол Чонто.

34-годишниот ветеран е без клуб откако си замина од Фенербахче, каде што беше три сезони. Поранешниот словачки капитен е најмногу познат по настапите за Ливерпул, каде што беше од 2008 до 2016 година.

На клубот од Бергамо му е потребно искуство во одбраната откако лани имаа фантастична сезона и се пласираа во ЛШ пред Рома и Милан.

Scroll to Top