Top Sport

Федерер и Надал во тениската политика „контра“ Ѓоковиќ

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал во четвртокот во Канада откри дека заедно со својот долгогодишен ривал Роџер Федерер направиле одлука да се кандидираат на АТП советот, почнувајќи официјална „политичка“ битка против сегашниот претседател, Новак Ѓоковиќ.

33-годишниот 18-кратен гренд слем шампион Надал вели дека заедно со 38-годишниот освојувач на 20 гренд слема ќе пополнат дел од слободните места во советот, по оставката која ја дадоа Робин Хасе, Џејми Мареј и Серхиј Стаховски пред Вимблдон.

„Решивме да бидеме двајцата заедно таму. Нема да сум сам, ниту тој ќе биде сам. Двајцата можеме да повлечеме добро за спортот на некој начин, се надевам на подобар начин. Сакаме да дознаеме што се случува во последно време“, вели Надал.

Ова е продолжување на „политичката“ битка во машкиот тенис, која почна со барањето на Ѓоковиќ да си замине претседателот на АТП, Кевин Кермоуд. Федерер и Надал сметаа дека на популарниот Американец треба да му се даде нова шанса.

Ѓоковиќ потоа мораше да се дистанцира од неговата соработка со поранешниот американски тенисер Џастин Гимелстоб, кој во 2018 беше обвинет за напад на човек пред неговиот дом во 2018. Ѓоковиќ тврди дека е можно Гимелстоб да се врати во советот.

Надал и Федерер ќе ја добијат улогата веднаш, потврди АТП и ќе го отслужат мандатот, кој трае до Вимблдон следната година.

„По 15 години на турнејата можам да дадам друга перспектива за нашиот спорт. Да помогнам да биде подобар“, додаде Надал.

Федерер и Надал во „коалиција“ против Новак Ѓоковиќ

Scroll to Top