Top Sport

Аталанта се најефикасниот европски клуб – пет парчиња за Каљари!

Аталанта се искачи на првото место во Серија А, откако неверојатниот тим од Бергамо трет меч во низа постигна над четири гола и со 5:2 победа над Каљари го продолжи совршениот старт на шампионатот.

„Ла деа“, клуб кој направи бум минатата сезона со својот атрактивен систем на игра и стигна до четврт-финалето на Лигата на шампионите, претходно на гости двапати триумфираше – 4:2 против Торино и 4:1 против Лацио, за на својот стадион да имаат фуриозни први 45 минути.

Луис Муриел уште во седмата минута ги донесе Аталанта во водство, но откако Диего Годин го постигна својот прв гол за Каљари во 24. минута, следуваше опсада на противничкиот гол. Прво во 29. минута, капитенот Папу Гомез постигна фантастичен гол за 2:1, Марио Пашалиќ во 37. минута зголеми на 3:1, за Дуван Запата во 42. минута да го постигне и четвртиот гол.

Жоао Педро во 52. минута успеа да им даде надеж на гостите за камбек, но во 82. минута, Сам Ламерс стави точка на натпреварот.

Scroll to Top