Top Sport

Аталанта се врати на победите

Откако минатото коло го претрпеа првиот пораз оваа сезона, Аталанта се врати со 0:2 победа на гостувањето кај Емполи за враќање на второто место на табелата, барем до вечерашниот меч на Милан.

Тимот на Џанпјеро Гасперини дојде во водство во 32. минута преку Ханс Хатебер, и имаа совршена шанса да зголемат на 2:0 во финишот на првото полувреме, но во 42. минута од мечот Теун Копмајнерс да не успее да реализира од белата точка. Сепак, трите поени беа обезбедени во 59. минута, кога Адемола Лукман стрелаше по асистенција на Марио Пашалиќ.

Аталанта има 27 поени на второто место на табелата, пет помалку од незапирливите Наполи и поен пред Милан, кои вечерва гостуваат кај Торино. Емполи по вториот пораз во низа се на 12. место со 11 освоени поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top