Top Sport

Струга пак не победи, Шкупи и Шкендија пропуштија шанса да се доближат до врвот

Откако сезоната ја започнаа со неверојатни осум победи во низа, Струга полека го губи „здивот“ одигрувајќи четврти меч без победа, овојпат со 2:2 против Брегалница, ситуација која што не успеаја ја искористат шампионот Шкупи и ривалот за титулата Шкендија, кои исто така одиграа нерешено во своите мечеви од 13. коло.

Струга дојде во водетво со голот на Укпа во 22. минута, но Брегалница само две минути подоцна израмни преку Ѓорѓиев, за да поведе, преку Ристевски во 52. минута од мечот, за Ибраими на десет минути пред крајот да обезбеди барем поен за лидерите на табелата.

Шкупи беше на чекор до победа во скопското дерби со Македонија ЃП со голот на Атедунџи, но шампионот прими гол во самиот финиш на мечот преку Самаке. Шкендија исто така имаше водство против Силекс, пред Обрадовиќ да осигура ново реми.

МФЛ, 13.КОЛО
Академија Пандев – Работнички 2:2
Македонија ЃП – Шкупи 1:1
Силекс- Шкендија 1:1
Струга – Брегалница 2:2
Тиквеш – Победа 1:0

Фото: ФК Струга


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top