Аталанта и официјално потврдија дека го обезбедиле потписот на рускиот фудбалер од средниот ред, Алексеј Миранчук од Локомотив Москва, во договор кој ќе ги чини 14.5 милиони евра плус бонуси.
24-годишниот Миранчук цела своја кариера ја помина во Локомотив заедно со својот брат близнак, Антон. Тој оваа недела ги мина медицинските тестови пред денеска да го потпише договорот со кој Локомотив ќе добие процент од следната продажба на фудбалерот.
Миранчук потпиша четиригодишен договор со „Ла деа“ со опција за уште една сезона и ќе заработува околу 2 милиони евра годишно. Тој има 25 настапи за Русија и пет постигнати голови.
Il post che stavate aspettando ? добро пожаловать, Aleksej #Miranchuk! ????
The post you’ve been waiting for ? #WelcomeMiranchuk! ??
⠀#GoAtalantaGo ⚫️? pic.twitter.com/ylRCOfv27R— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) September 4, 2020