Top Sport

Тајсон бил „ѕвер“ и на 15 години!

Во далечната 1981 година, Мајк Тајсон имаше само 15 години, но веќе си направи име во светот на боксот како „незапирлива сила“, што најдобро може да се види од неговиот меч за златото на Јуниорската Олимпијада против Џо Кортез.

Во првите секунди од мечот, Тајсон се „залетува“ кон противникот и упатува фантастична низа на удари, а иако е тинејџер се гледа и неговиот развој, брзина и моќност. Му беа потребни само 10 секунди да го „патосира“ Кортез, и да ја започне блескавата кариера со две злата на Јуниорските Олимпијади во 1981 и 1982 година.

По ова, тој ќе стане најмладиот шампион во историјата на тешката категорија, а сега ќе се врати на боксот на 54 години со егзибициски дуел со Рој Џонс Јуниор на 28 ноември.

Scroll to Top