Top Sport

Аталанта синоќа го сруши рекордот на Црвена Звезда во ЛШ

Аталанта синоќа доживеа дебакл од Ливерпул (5-0) на домашен терен во третото коло во групната фаза на ЛШ. Беше тоа прв меч сезонава во елитното натпреварување на кој екипата од Бергамо не постигна погодок.

Освен тоа, Аталанта синоќа стана рекордер во ЛШ. На нејзините натпревари паѓаат повеќе голови за разлика од било кој друг клуб во ова натпреварување.

Ова беше 12-ти меч за „сино-црните“ во Лигата на шампиони, а досега на овие натпревари паднаа 48 гола, Аталанта даде 23, а прими 25. Просекот е 4 гола по меч, најмногу во конкуренција на клубовите кои одиграле најмалку 10 средби во овој формат.

Досегашен рекордер беше белградска Црвена Звезда. На 12 средби на „црвено-белите“ во ЛШ во просек паѓале по 3.8 гола на меч.

Scroll to Top