Top Sport

Меси со моќна порака до Марадона – прегратка од срце (фото)

Според многумина, најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона се опоравува во болница по операцијата на мозокот.

Легендарниот „Ел Пибе“ не беше заборавен по неговиот најголем конкурент за приматот најдобар фудбалер на „Гаучосите“, играчот на шпанска Барселона, Лионел Меси.

Капитенот на Барса на својот идол од детството му испрати „прегратка од срце“ од него и од неговото семејство“.

„Диего, ти ја посакуваме сета сила на овој свет. Моето семејство и јас сакаме да те видиме што е можно побрзо. Прегратка од срце“ напиша Меси на Инстаграм и постави нивна заедничка фотографија.

Меси е кум на внукот на Марадона – Бенџамин кој е син на ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и ќерката на Диего – Џанина.

Scroll to Top