Top Sport

Аталанта со камбек против Болоња за прва победа по пет меча!

Аталанта, клубот кој последните две-три сезони постојано изненадуваше со своите перформанси, конечно, стави крај на серијата на пет меча без победа, по 2:1 триумфот на гости кај Болоња.

Мечот не започна најдобро за тимот на Џанпјеро Гасперини, откако Рикардо Орсолини по само шест минути игра ги донесе домаќините во водство, резултат со кој се отиде на полувреме. Теун Копмајнерс, холандскиот интернационалец кој беше поврзуван со трансфер во Ливерпул овој месец, израмни во 47. минута, пред само девет минути подоцна Расмус Хојлуд да го комплетира пресвртот.

Со победата, Аталанта ја „прескокнува“ Рома на шестото место на табелата со 31 поен, додека Болоња останува 12-та со 19 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top