Top Sport

Атлас по 70 години повторно се шампиони на Мексико

Фудбалскиот клуб Атлас ја освои титулата во шампионатот на Мексико. Во финалето на плеј-офот, Атлас по изведувањето на пенали го победија Леон.

Првиот меч заврши со победа на Леон од 3:2. Во реваншот Леон постигна гол во 55.минута. Овој резултат остана на семафорот и по истекот на 120.минута.

Во пенал серијата, херој на Атлас стана колумбискиот голман Камил Варгас кој одбрани два удари од белата точка.

На крајот Атлас победија со 4:3.

За клубот од Гвадалахара ова е втора титула во клупската историја, прва по сезоната 1950/51.

Scroll to Top