Шпанскиот фудбалски клуб Атлетик Билбао за нов претседател го избра готвачот Аитор Елисеги, објави клубот.
Елисеги во тесна трка успеал да ги добие изборите пред Алберт Урибе-Ечеверија, кој е сметководителот на поранешниот претседател Хосу Урутија.
Елисеги добил 9.264 гласа, односно за него гласале 47,9 отсто од избирачите, додека 9.179 гласа добил Урибе-Ечеверија.
Право на глас на изборите имале 41.352 члена на клубот.
Атлетик Билабо игра лошо во првиот дел од сезоната и по 17 кола се наоѓа во опасната зона.