Top Sport

„Потоп“ на Сасуоло, минималец за Интер, СМС го спаси Лацио (Видео)

Аталанта го прегази Сасуоло, Милинковиќ-Савиќ (СМС) спаси бод за Лацио, а Балде Кеита погоди за минимален триумф на Интер во Емполи.

Словененецот Јосип Иличиќ постигна хет-трик, а по еднаш мрежата на Сасуоло ја погодија Запата, Гомез и Манчини во убедливата победа на Аталанта 6:2. Во најубедливот домашен пораз оваа сезона, двата гола за Сасуоло ги постигна Алфред Данкан.

foto: epa

Лацио и Торино одиграа 1:1 во натпревар со осум жолти и два црвени картони. Гостите од Торино постигнаа гол преку Белоти во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме.

Бод за Лацио спаси Милинковиќ-Савиќ со убав удар од далечина во 62.минута. До крајот на мечот црвени картони добија Марушиќ (Лацио) и Меите (Торино).

Интер со 1:0 славеше во Емполи. Кеита Балде го постигна единствениот гол во 72.минута. Ова е шестата победа со минимален резултат за Интер оваа сезона.

Рома успешно го мина гостувањето во Парма. „Волчицата“ победи со 2:0, со головите на Брајан Кристанте и Џенгиз Ундер. Со ист резултат Удинезе славеше над Фиорентина. Игнасио Пуесто и Валон Бехрами беа стрелци на головите на „Фриули“ стадионот.

Фудбалерите на Киево во 19.коло ја забележаа првата победа во сезоната. Со голот на Емануеле Џакерини, Киево славеше над Фросиноне.

Без голови заврши пресметката помеѓу Џенова и Фиорентина.

Scroll to Top