Top Sport

Атлетик Билбао ќе тргнат по Гонзало Игуаин

Симболот на шпанската покраина Баскија, фудбалскиот клуб Атлетик Билбао, подготвува вистинска трансфер-бомба во летниот преоден рок. Клупските челници биле сериозно заинтересирани за напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин.

Договорот на Игуаин со Јувентус истекува во јуни 2021 година и сигурно е дека клубот нема да ју понуди нов. Јувентус имаат намера да се ослободат од Игуаин во летниот преоден рок поради неговата плата. Аргентинецот во Торино годишно заработува 7,5 милиони евра.

Сигурно е дека Игуаин би им помогнал на Атлетик со своето искуство и квалитет. Клубот од „Сан Мамес“ по завршувањето на сезоната ќе остане без Арис Адуриц кој ќе стави крај на кариерата.

Тоа значи дека во нападот ќе имаат само една вистинска опција, а тоа е Ињаки Вилијамс.

Инаку, Атлетик по многу нешта се посебен клуб. Дресот на Атлетик можат да го носат само играчи со баскиско потекло. Вратите на клубот им се затворени дури и на шпанските фудбалери.

Игуаин ги исполнувал овие услови бидејќи има интересно потекло. Тој е роден во Франција каде што неговиот татко играл фудбал, а пораснал во Аргентина, како и неговиот татко, дедо и прадедо. Меѓутоа неговиот прапрадедо од Баскија се пресели во Аргентина, што значи дека тој во себе има баскиска крв.

Пред 15 години таткот на Игуаин, Хорхе, во една прилика истакнал колку е горд што има баскиски корени.

„Мојот татко ме учеше исто како што него го учел неговиот татко…Баските не се Шпанци, не се Французи, тие се посебен народ“.

Гонзало Игуаин во досегашната кариера настапувал за Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челси.

Scroll to Top