Top Sport

Калјари го отпуштија тренерот Маран

Роналдо Маран повеќе не е тренер на Калјари. Екипата од Сардинија не знае за победа на последните 11 натпревари поради што првиот човек на на клубот Томас Џулини реши да му врачи отказ на тренерот.

Калјари во еден период еа хит во Серија А. Тимот што го предводеше Маран дури се наоѓаше и во зоната на Лигата на шампионите.

Калјари немаат победа од 2 декември мината година кога слева со 4:3 против Сампдорија. Од тој натпревар екипата од Сарднија забележа шест порази и пет пат одигра нерешено.

Во неделата Калјари беа поразени од Рома со 3:4.

До именување на нов тренер Калјари од клупата ќе го предводи тренерот на резервниот тим Макс Цанзи.

Scroll to Top