Top Sport

Атлетик: Мбапе сака да го напушти ПСЖ

Килијан Мбапе минатото лето го продолжи договорот со ПСЖ, тогаш стана најплатениот фудбалер на сите времиња. Половина година подоцна, Мбапе сака да го напушти ПСЖ, тврди британски „Атлетик“.

Планот на Мбапе е да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал. Сепак, тоа најверојатно нема да се случи ова лето бидејќи мадридскиот клуб би морал да плати огромно обесштетување за 24.годишниот напаѓач, додека може да го добие бесплатно во летото 2024 година.

Мбапе, најдобриот стрелец на последното Светско првенство, оваа сезона за ПСЖ постигна 25 гола на 26 натпревари.

Во договорот на Мбапе со ПСЖ постои опција за продолжување на договорот до 2025 година, но за да биде активирана таа клаузула во договорот, согласност мора да даде фудбалерот.

„Атлетик“, пренесува дека Мбапе нема да ја активира калузулата, туку ќе го исполни својот детски сон и ќе заигра за Реал.

Дотогаш, нападот на Реал ќе го предводи сонародникот на Мбапе, Карим Бензема. Тој треба да го продолжи договорот со Реал на уште една година. Реал сонува и да го доведе Ерлинг Халанд од Манчестер сити, откако англискиот шампион е под истрага за прекршување на финансиските правила.

Scroll to Top