Top Sport

Атлетик победи во Алмерија

Атлетик Билбао победи на гостувањето во Алмерија со 2:1. Баските до крајот на сезоната со Реал Сосиедад, Виљареал и Бетис ќе се борат за четвртото место.

Со новата, трета последователна победа, Атлетик се искачија на седмата позиција, што во случај Реал да го освои Купот на кралот ќе им донесе пласман во Конференциската лига. Сега Атлетико е седми, а не е ни далеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Од четвртопласираниот Сосиедад имаат само пет бода помалку.

Победата на Атлетик му ја обезбедија Нико Вилијамс и Оскар Де маркос со головите во 19. и 56.минута.

Почесниот гол за Алмерија е дело на Сантељес во 92.минута. Алмерија остана на 30 бода и на 17.место имаат само два бода повеќе од првиот тим кој се наоѓа во опсната зона.

Scroll to Top