Top Sport

Атлетик: УЕФА ќе бара 300 милиони евра за да го одложи ЕП

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе бара компензација од клубовите и националните Сојузи доколку го одложи Европското првенство. „Атлетик“ објави дека станува збор за сума од 300 милиони евра.

Поради пандемијата со коронавирусот извесно е дека УЕФА ќе го одложи ЕУРО 2020. Европската куќа на фудбалот ќе им го остави летниот период на Сојузите за да ги завршат националните шампиони.

Во Нион пресметале дека доколку го одложат ЕП за наредното лето ќе бидат во минус 300 милиони евра.

Одлуката околу ЕУРО 2020, но и околу Лигата на шампионите, Лига Европа и националните шампиони ќе биде позната во текот на денот.

УЕФА ќе одржи видео-конференција со сите 55 земји-членки.

Scroll to Top