Антоан Гризман ќе ги пропушти последните два натпревари што ќе ги одигра Атлетико Мадрид до крајот на годината.
Клубот потврди дека Гризман нема да биде во конкуренција за натпреварите против Гранада и Севилја.
Гризман се повреди во неделата, во градскиот дуел со Реал Мадрид. Врз францускиот репрезентативец остро стартуваше Дани Карвахал. Судијата Матеу Лахоз не само што му даде жолт картон на десниот бек на Реал, туку воопшто и не ја прекина играта.
Поради повредата Гризман не играше во второто полувреме. Денешниот преглед со магнетна резонанца покажал повреда на бутниот мускул.