Top Sport

Атлетико без Облак против Локомотив

Словенецот Јан Облак ќе го пропушти гостувањето на Атлетико кај Локомотив во рамките на осмина-финалето во Лига Европа. Поради проблеми со мускулите првиот голман не отпатувал со екипата во Москва.

Облак, поради полесна повреда, не бранеше против Локомотив и на првиот меч во Мадрид. Атлетико тој дуел го доби со 3:0, со головите на Саул, Диего Коста и Коке.

На голот на Атлтико во Москва ќе застане 22-годишниот Аргентинец Аксел Вернер, кој бранеше и на натпреварот на „Ванда Метрополитано“.

Клубот соопшто дека Облак ќе биде подготвен за првенствениот дуле против Виљареал. Атлетико, во 29.коло, в недела ќе гостува на „Ел Мадригал“.

Доколку Атлетико се пласира во четврт-финелето во Лига Европа името на противникот ќе го дознае в четврток.

Scroll to Top