Top Sport

Вестрбрук влезе во одбраното друштво, личен рекорд за Леброн (Видео)

Фаворитите беа успешни против опонентите на единаесетте одиграни натпревари во НБА лигата. Ноќта преку Атлантикот ја обележа Расел Вестбрук кој го забележа 100. трипл-дабл во кариерата. Двоцифрени бројки во три статистички категории имаше и Леброн Џејмс.

Оклахома ја победи Атланта 119:107. Тимот го предводеше Расел Вестбрук кој стана четвртиот играч во историјата со најмалку 100 трипл-дабл оставрувања во кариерата.

Вестбрук мечот го заврши со 32 поени и по 12 скока и асистенции. Пред него на вечната листа се уште Оскар Робетсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

Трипл-дабл забележа и Леброн Џејмс (28 поени, 13 скока, 11 асистенции),а Кливленд славеше во дуелот со Феникс 129:107.

„Кралот Џејмс“ го забележа 14.трипл-дабл во сезоната, што според овој елемент оваа сезона ја прави најуспешна во неговата кариера.

Резултати:

Филалделфија ’76-Индијана Пејсерс 98:101
Вашингтон Визардс-Минесота Тимбервулвс 111:116
Бруклин Нетс-Торонто Репторс 102:116
Њујорк Никс-Далас Маверикс 97:110
Чикаго Булс-ЛА Клиперс 106:112
Њу Орлеанс Пеликанс0Орландо Меџик 108:72
Јута Џез-Детроит Пистонс 110:79
Феникс Санс-Кливленд Кавалирс 107:129
ЛА Лејкерс-Денвер Нагетс 112:103
Оклахома Тандер-Атланта Хокс 119:107.

Scroll to Top