Top Sport

Атлетико чекаат понуда за Трипиер

Атлетико Мадрид се подготвени да го продадат Киеран Трипиер, кој би се вратил во Премиерлигата со Њукасл, откако интересот на Манчестер јунајтед се намали по доаѓањето на Ралф Рангник на клупата.

Атлетико во текот на летото одбија понуда од 14 милиони евра од „ѓаволите“, очекувајќи зголемување на сумата, но бидејќи неговиот договор завршува во 2023 година, а на Њукасл му се очајно потребни засилувања, многу е веројатно дека може да дојде до договор.

31-годишниот поранешен фудбалер на Тотенхем, сака да се врати во татковината, а Њукасл би требало да издвојат околу 30 милиони евра за неговиот ангажман, што нема да биде проблем по купувањето од страна на саудиските инвеститори.

Scroll to Top