Top Sport

Милан сакаат да го „спасат“ Зијеш од Томас Тухел

Милан се обидуваат да се договорат со Челси за трансфер за Хаким Зијеш, откако Мароканецот не го оствари својот потенцијал на „Стемфорд Бриџ“, играјќи епизодна улога, тврди шпанскиот „Фичајес“.

Томас Тухел ретко го избира Зијеш во првиот тим по неговиот трансфер од Ајакс, и спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини се обидува да го донесе како големо засилување на тимот, откако стана јасно дека „росонерите“ мораат да бараат засилувања ако сакаат редовно да се во врвот во Серија А.

Scroll to Top