Поради повредата на стапалото на десната нога Жоао Феликс ќе паузира четири недели. Најскапиот играч во историјата на Атлетико Мадрид се повреди во финишот на натпреварот против Валенсија (1:1).
Повредата на 19 годишникот доаѓа во момент кога пред Атлетико се неколку тешки натпревари и кога тренерот Диего Симеоне бара начин како тимот да излезе од голгетерската криза.
![]()
Атлетико во девет кола во Ла Лига има постигнато само осум гола, поради што на последните четири натпревари изиграа нерешено со гол разлика 1:1.
Жоао Феликс поради повредата ќе ги пропушти натпреварите со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, односно со Атлетик Билбао, Алавес и Севилја во првенството на Шпанија.
Феликс летово за сума од 126 милиони евра од Бенфика пристигна во Атлетико.
