Top Sport

Мурињо повторно во Реал Мадрид?

Жозе Мурињо наскоро повторно ќе работи како тренер, тврдат шпанските медиуми. Португалскиот тренер е без работа од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Мурињо во изминатиот период одбил неколку понуди за работа со пораката дека го очекува вистински предизвик.

Што би бил предизвик за „специјалниот“? Реал Мадрид?

Медиумите во Шпанија тврдат дека првиот човек на Реал Флорентино Перез во неделата телефонски разговарал со Португалецот. Перез сакал да се информира дали Мурињо бил подготвен да одговори на предизвикот.

Реал е во криза од почетокот на сезоната, имаат освоено еден бод во Лигата на шампионите, а иако до саботата беа лидери во Ла Лига, игрите им беа лоши. Во саботата Реал загубија од Мајорка 1:0.

Токму овој пораз го поттикнал Перез сериозно да размисли да му врачи отказ на Зинедин Зидан.

Жозе Мурињо го предводеше Реал во периодот 2010-2013, успеа да освои едена титула во ла Лига и една во Купот на Кралот. Замина откако соблекувалната предводена од тогашниот капитен Икер Касилјас целосно му го сврте грбот.

Тогаш тој изјавил дека би сакал некогаш да се врати во Реал и да остави подобар впечаток.

Scroll to Top