Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид се огласи со соопштение по изјавите на челниците на Барселона дека имале разговори со клупската ѕвезда Антоан Гризман. Претседателот на барселона, Џозеп Марија Бартомеу, вечера изјавил дека во октомври минатата година разговарал со преставници на Гризман и дека многу често со челниците на Атлетико и првиот човек на клубот Енрике Сересо „разговарале за многу работи“.
„Здодевен е ставот на Барселона. Апсолутен недостиг на потчит кон Атлетико и неговите навивачи е кога претседател, фудбалер и член на одборот на таков начин говорат за иднината на фудбалер кој има договор и тоа на само неколку дена пред финале на европско натпреварување“, се наведува во соопштението потпишано од директорот на Атлетико Мигел Анхел Хил Марин.
„Ставот на Атлетико е јасен и неколку пати е истакнат во јавноста. Ниту еднаш не сме преговарале во врска со Гризман и немаме намера тоа да го направиме. Пред неколку дена лично на претседателот на Барселона му кажав дека нашиот фудбалер не е на продажба и дека нема да го продадеме. Во исто време му потенцирав дека неговото однесување е против интегритетот на на натпреварувањето, особени бидејќи цела сезона се против Барселона се бореме за титулата, а тој константно вршеше притисок врз еден од нашите клучни играчи. Исто така му кажав дека доколку играчот го искористи правото да го раскине договорот поради константниот притисок во текот на целата сезона, дека во тој случај Атлетико ќе бара компензација од Барселона“.
„Кога е доста, тогаш навитина е доста. Се надевам дека ова соопштение ќе им овозможи на навивачите на Атлетико да уживаат во овој момент и да се подготват за финалето“, пишува Хил Марин.
Атлетико за една недела, на 16.мај, против Олимпик Марсеј, ќе игра во финалето во Лига Европа.