Атлетико Мадрид не го кријат интересот за Алваро Мората, но за да го донесат напаѓачот на Челси ќе мора да ослободат од услугите на најмалку двајца играчи од актуелниот состав.
Мората има лоша сезона во Челси, има желба да замине од „Стенфорд Бриџ“, а шпанските медиуми пишуваат дека тој се согласил да игра во Атлетико и за помала плата. Шпанецот во Челси заработува девет милиони евра годишно.
Заминувањето на Мората од Челси зависи од тоа дали во Лондон ќе пристигне напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин.
За да го донесат Мората во Атлетико ќе мора да отпуштат двајца играчи, бидејќи клубот веќе го достигнал лимитот од 2893 милиони евра, колку што може да издвојува за плати на годишно ниво.
Најблиску до заминување од „Ванда Метрополитано“ по само шест месеци се Желзон Мартинш и Никола Калиниќ. Двајцата беа најавувани како големи засилувања за тимот на Диего Симеоне, но не ги оправдаа очекувањата.
Мартинш, кој пристигна од Спортинг Лисабон, има минимална минутажа, поради слабата форма, а на последните неколку натпревари воопшто не е во тимот поради повреда.
Хрватот Калиниќ е донесен како „бекап“ за Диего Коста во нападот. Тој во последно време добива повеќе минути на теренот бидејќи Бразилецот е повреден. Иако има постигнато четири гола на последните седум натпревари за Атлетико, Калиниќ сепак е далеку од вистинската форма.