Top Sport

Атлетико ги продадоа Гаитан и Караско во Кина

Атлетико Мадрид потврди дека Николас Гаитан и Јаник Фереира Караско си заминаа од клубот за да ја продолжат кариерата во Кинеската Суперлига, поточно во тимотн а Далиан Јинфанг.

Двајцата играчи од средниот ред се мачеа да добијат редовно место на „Ванда Метрополитано“ оваа сезона, а Гаитан посебно беше изоставуван од составот од неговиот аргентински сонародник Диего Симеоне.

„Караско и Гаитан се приклучуваат на Далиан Јифанг на постојан договор. Им посакуваме многу среќа во Кина“, стоеше на Твитер акаунтот на клубот.

Атлетико претходно ги продаде и Матијас Кранефитер, Тео Ернандез, Лучано Вието и Аугусто Фернандез, така што „јорганџиите“ сега имаат само 17 играчи (кои не се голмани) за борбата во Ла лига и во Лигата на Европа.

Scroll to Top