Top Sport

Атлетико го договори Желсон Мартинс

Португалскиот репрезентативец Желсон Мартинс од денес е нов играч на Атлетико Мадрид. Клубот, на својата интернет страница потврди дека Мартинс потпишал шест годишен договор со клубот.

23-годишниот крилен напаѓач, во Атлетико дојде како слободен фудбалер. Претходните три години тој играше во Спортинг Лисабон. Мартинс е продукт на младинската школа на Спортниг.

Мартинс има одиграно и 19 натпревари за португалската репрезентација.

Португалецот е четврто засилување за „јорганџиите“ во пресрет на новата сезона, откако претходно на „Метрополитано“ пристигнаа Родри од Виљареал, Тома Лемар од Монако и голманот Антонио Адан од Бетис.

Исто така, во текот на преодниот рок ги продолжи договорите со Антоан Гризман, Лукас Хернандез и Хосе Марија Хименез.

Scroll to Top