Top Sport

Почина Серџо Маркионе

Поранешниот прв човек на Ферари и Фиат, Серџо Маркионе, починал во Цирих на 67-годишна возраст. Маркионе мината недела, во Цирих, бил на операција на рамото, а неговата здравствена ситуација се влошила по хируршката интервенција.

Во болницата во Цирих, било откриено дека Маркионе има рак на белите дробови, а по операцијата тој паднал во кома. Операцијата на Маркионе му била извршена на 27.јуни.

Ферари, во текот на викендот, го именуваше Мајк Менли претседателот на компанијата „Џип“, за привремен претседател на тимот што се натпреварува во шампионатот на Формула 1.

Scroll to Top