Top Sport

Атлетико го комплетираше триумфот над Леида (видео)

Атлетико Мадрид се пласираше во четврт-финалето на Копа дел Реј, откако во вториот меч со 3:0 го совлада третолигашот Леида за вкупен триумф од 7:0 во двомечот.

На „Ванда Метрополитано“ беа потребни 57. минути да се скрши отпорот на каталонскиот тим, откако Диего Коста му намести гол на Белгиецот Јаник Караско.  Во 74. минута, Кевин Гамеиро зголеми на 2:0, пред Витоло во 81. минута да го постави конечниот резултат.

Scroll to Top