Атлетико Мадрид го потврдија доаѓањето на португалската сензација, тинејџерот Жоао Феликс, за кого платија 126 милиони евра на Бенфика, со што тој станува петтиот најскап фудбалер на светот.
Атлетико ги израдува своите фанови преку објавата на Твитер со видео од музејот „Прадо“, каде што Феликс облечен во дресот на „јорганџиите“ ги разгледува артефактите пред да му посакаат добредојде.
Околу 19-годишниот Португалец имаше голем број на шпекулации во текот на летото, но неодамна Бенфика потврди дека Атлетико се клубот кој ги плати потребните 126 милиони евра за трансфер на „Ванда метрополитано“. Феликс ќе добие шанса да го замени Антоан Гризман во клубот, откако Французинот потврди дека заминува од клубот и најверојатно ќе потпише договор со тимот на Барселона.
Ако некој се обиде да го добие Жоао Феликс предвреме од Атлетико, ќе треба да плати астрономски 300 милиони евра.
#TalentPur pic.twitter.com/FPAKwc6aQU
— Atlético de Madrid (@AtletiFR) July 3, 2019