Атлетико Мадрид до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го продаде Аргентинецот, Родриго де Пол, пишува „Марка“. Еден од хероите на Светското првенство во Катар не пристигна во клубот во добра состојба. Официјално, тој е повреден, но се чини дека тоа е последица од повеќедневната прослава на титулата светски првак.
Де Пол, летото во 2021 година за 35 милиони евра пристигна во Атлетико. Во Атлетико ниту еднаш не одигра на нивото на кое играше во Удинезе или на нивото на кое секогаш игра во националниот тим.
Исто така, е Пол, не е во добри односи со тренерот Диего Симеоне. Во септември клубот го суспендираше, откако го излажа тренерот. Во текот на репрезентативната пауза побара да остане во Аргентина два дена подолго, бидејќи неговиот татко не бил добар. Медиумите веднаш открија дека тој побарал повеќе денови од клубот за да присуствува на една забава во Мајами.
Тој беше исвиркан од навивачите на Атлетико Мадрид, кога пред натпреварот со Елче излезе на теренот со златниот медал, заедно со колегите од репрезентацијата Нахуел Молина и Анхел Кореа.
За 28. годишниот Аргентинец наводно се заинтересирани Јувентус и Милан. Според „Марка“, Атлетико нема намера да го продаде за помалку од 35 милиони евра.