Top Sport

Атлетико „грабна“ победа во 93-та минута против очајниот Билбао (видео)

Атлетик Билбао двапати имаше водство на „Ванда Метрополитано“, но Атлетико Мадрид успеа да стигне до 3:2 домашна победа за да се доближи на само поен од лидерот во Шпанија, Барселона, која утре го игра својот меч од 12. коло во Ла лига.

Гостите, кои имаат само една победа оваа сезона во еден од најлошите стартови во историјата на баскиската гордост, дојдоа во водство во 23. минута по една фантастична акција по која Ињаки Вилијамс ја уфрли топката во мрежата. Домаќините чекаа израмнување до 61. минута преку супер-голот на Томас, меѓутоа, Ињаки повторно ги доведе гостите во водство само три минути подоцна.

Тимот на Диего Симеоне не се предаде. Прво Томас во 80. минута одлично го најде Родриго во шестнаесетникот, пред Диего Годин во 93. минута да го реши победникот.

ЛА ЛИГА, 12.КОЛО

Реал Валјдолид – Еибар 0:0

Хетафе – Валенсија 0:1

Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао 3:2

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top