Top Sport

Атлетико и Челси ќе играат во Букурешт

Атлетико Мадрид ќе го пречека Челси во Букурешт, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите, ја објави „Марка“ одлуката на УЕФА.

Поради пандемијата на коронавирусот и лошата епидемиолошка ситуација во Англија, владата на Шпанија го ограничи бројот на летови од Велика Британија, поради што на Челси не им е дозволено да влезат во земјата.

По неколку дневни преговори, УЕФА, реши Атлетико, на 23.февруари, да бидат домаќини на Националниот стадион во Букурешт.

Шпанско-англиска пресметка ќе има и во Лига Европа. Реал Сосиедад, во Торино, ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед.

Слични мерки на заштита има и Германија. Поради тоа Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, во Лигата на шампионите, домашните натпревари против Ливерпул, односно Манчестер сити, ќе ги одиграат во Унгарија.

Scroll to Top