Top Sport

Атлетико и постави ултиматум на Барселона за Феликс

Aтлетико Мадрид ја извести Барселона дека што поскоро треба да се реши сатусот на Жоао Феликс. Португалецот оваа сезона игра како позајмен игра во Барселона. Од позајмицата Атлетико заработи 10 милиони евра.

Атлетико и постави ултиматум на Барселона дека може да го задржи Феликс и наредната сезона на позајмица, но за 15 милиони евра и дека потоа мора да го откупи неговиот договор.

Се претпоставува дека клубот од Мадрид за Феликс ќе бара најмалку 70 милиони евра.

Феликс нема намера да се врати во Мадрид, каде што не сака да игра, додека од друга страна во Барселона се уште не се сигурни дали сакаат да го задржат.

Претседателот Џоан Лапорта сака тој да остане во клубот, додека тренерот Чави не воодушевен од оваа идеја, бидејќи не е сигурен дека Португалецот е вистинско засилување.

Жоао Феликс е најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид. За неговиот трансфер во 2019 година клубот на Бенфика и плати 127 милиони евра.

Scroll to Top