Top Sport

Атлетико има долгорочни планови со Симеоне

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо верува дека Диего Симеоне ќе остане на „Ванда метрополитано“ уште многу години и покрај постојаните врски со неговиот поранешен клуб, Интер.

Аргентинецот во моментов е тренер со најдолг стаж во Ла лига, откако дојде кај Атлетико од Расинг Клуб во 2011 година. Оттогаш тој им донесе седум титули – од кои две од Лига Европа, и титулата од Ла лига во 2013/14, прва по 18 години пауза. 48-годишниот Симеоне лани потпиша продолжување на договорот до летото 2020, но тоа не ги намали шпекулациите и неодамна тој откри дека би сакал еден ден да се врати како тренер во Интер. Серезо вели дека тоа нема да се случи набргу.

„Во клубот сме сигурни дека Чоло е најдобриот тренер кој постои за Атлетико Мадрид и сигурен сум дека ќе остане со нас уште многу години“, вели Серезо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top