Top Sport

Мејведер: Што да правам – 9 милиони долари за 9 минути!

Флојд Мејведер Јуниор за Нова Година си најде совршена работа – 9 милиони долари за 9 минути спаринг, како што се пофали на својот Инстаграм профил.

Мејведер е гостин на јапонската РИЗИН 14 егзибиција, каде што во три рунди од по три минути ќе се бори со јапонската кик-бокс сензација Теншин Насукава, во меч во кој нема да има победник доколку нема нокаут, а исто така се води како „егзибициски дуел“.

„Што би кажале ако ви кажам дека ќе заработам 9 милиони долари за спаринг од 9 минути во Токио? Што би направиле вие?“, се запраша Мејведер на Инстаграм.

Scroll to Top