Атлетико Мадрид и Барселона го играат дерби мечот во Примера. По првото полувреме, актуелните шампиони на Шпанија имаат предност од 2:0.
Атлетико им ја препушти топката на противниците, Барса има поголем посед, меѓутоа шансите и головите се на страната на играчите на Чоло Симеоне.
Блескаат во првото полувреме Жоао Феликс и Тома Лемар.
Францускиот репрезентативец, го постигна првиот гол во 23.минута, по асистенцијата на Луис Суарез.
Во 44.минута Лемар му врати возврати на Уругваецот со асистенција. Суарез погоди и не го славеше голот против поранешниот клуб.
#AtletiBarca
Atletico Madrid [2]-0 Barcelona | GOAL! Luis Suarez ?to never miss any goal Follow here ?@IFAST66 pic.twitter.com/SJmb7FHuoj
— Follow @IFAST66 (@ifast222) October 2, 2021
Акциите за двата гола тргнаа од Жоао Феликс.
Инаку, стадионот на Атлетико „Ванда Метрополитано“ по пауза од 574 дена е исполнет до последното место.