Top Sport

Лајпциг за осум минути го скрши Бохум

Лајпциг убедливо го победи Бохум во седмото коло. „Биковите“, ја запишаа третата победа и полека фаќаат приклучок кон горниот дел од табелата, додека Бохум го запиша петтиот пораз и со четири бода се наоѓа на претпоследното место.

Лајпциг доминираше од самиот почеток на натпреварот, редеа шанси пред голот на Бохум, но отпорот на противникот успеаја да го скршат дури во 70.минута.

Андре Силва го постигана првиот гол, а потоа судбината на Бохум ја запечата Кристијан Нкунку, со головите во 73. и 78.минута.

Scroll to Top