Top Sport

Атлетико испратиле официјална понуда за Нуњез

На „Луж“, домот на фудбалерите на Бенфика пристигнала првата понуда за 22-годишниот напаѓач, Дарвин Нуњез.

Според последните пишувања на шпанските медиуми, Атлетико Мадрид покажал сериозен интерес за овој уругвајски напаѓач, „јорганџиите“ понудиле 50.000.000 евра за Уругваецот.

Бенфика, пред две години го донесе за Њуњез од втората шпанска лига. Алмерија од неговиот трансфер заработи 24.000.000 евра. Тој има договор со португалскиот великан до 2025 година.

Покрај Атлетико уште неколку европски клубови покажуваат сериозен интерес за Нуњез, а според португалските медиуми Бенфика бара најмалку 80.000.000 евра.

Нуњез постигна 33 гола на 39 натпревари за Бенфика оваа сезона во сите натпреварувања.

Scroll to Top