Атлетико Мадрид испратиле официјална понуда до Манчестер сити за аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез, пренесува шпанска „Марка“.
Шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на Атлетико на аргентинскиот фудбалер му гарантира место во стартниот состав.
Сепак, челниците на Манчестер сити не сакаат да го продадат Алварез, кој сезонава се покажа како добро решение, особено кога играше како поддршка за Ерлинг Халанд.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Алварез би можел да побара трансфер во летниот преоден рок, бидејќи не сака да седи на клупата и да биде во сенка на норвешкиот напаѓач. Беше стандарден во тимот во првиот дел од сезоната, но во вториот дел од сезоната најчесто беше резерва.
Алварез (24) е член на Манчестер сити од 2022 година, а има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2028 година.
Тој оваа сезона одигра 54 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања и постигна 19 голови.